Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери (во живо)
Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари
Собранието денеска ја почна 139. седница на која беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Премиерот Ковачевски и претседателот на Собранието не ги образложија оставките.
Се очекува на седницата да биде избран новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.
Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.