Со вештачка интелигенција создадоа фотографии од „апсење“ на Трамп


Фотографии од „апсење“ на Доналд Трамп кои можеби сте ги виделе на социјалните мрежи се дефинитивно лажни – тие се создадени од вештачка интелигенција. Но, некои од овие фотореалистички креации се доста убедливи. Други повеќе личат на фотографии од видео игра.

Нишката на Твитер на Елиот Хигинс, основачот на Bellingcat, на која се гледа како Трамп е нападнат од полицајци и се обидува да избега, а потоа е прикажан и во затворски комбинезон, е прегледана повеќе од три милиони пати, пишува Wired.

Што можат да направат корисниците на Твитер за да ги разликуваат лажните фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, како оние во објавата на Хигинс, од вистинските фотографии што би можеле да произлезат од потенцијалното апсење на поранешен претседател на САД?

„По создавањето на многу фотографии за оваа нишка, јасно е дека таа често се фокусира на првиот опишан објект – во овој случај, на различни членови на семејството Трамп – и тоа често има многу недостатоци“, вели Хигинс. Погледнете подалеку од фокусната точка на сликата. Дали остатокот од сликата се чини дека е креиран подоцна?

Иако најновите верзии на алатките за вештачка интелигенција, како што се Midjourney (верзија 5 што се користи за оваа нишка) и Stable Diffusion, постигнуваат значителен напредок, грешките во малите детали остануваат вообичаена карактеристика на лажните фотографии, пренесува Индекс.хр.

Како што уметноста со вештачка интелигенција станува се попопуларна, многу уметници истакнуваат дека алгоритмите сè уште се борат да го реплицираат човечкото тело на конзистентен, природен начин.

Гледајќи ги фотографиите на Трамп од Твитер, лицето изгледа прилично веродостојно во многу од објавите, како и рацете, но неговото тело може да изгледа згрчено или споено со полицаецот во близина. Иако сега е очигледно, можно е со поголема префинетост, алгоритмот да избегне делови од телото да изгледаат необично.

Барајте чудни пишувања на ѕидови, облека или други видливи предмети. Хигинс го посочува неуредниот текст како начин да ги разликува лажните од вистинските фотографии. На пример, полицијата носи беџови, капи и други обележја на кои на прв поглед изгледа дека ги има буквите на лажните фотографии на полицајците кои го апсат Трамп. При поблиска проверка, зборовите се бесмислени.

Друг начин на кој понекогаш може да се забележи дека фотографијата е генерирана од вештачка интелигенција е со забележување на претерани изрази на лицето.

„Забележав и дека Midjourney има тенденција да ги покажува изразите на лицето на претеран начин, при што наборите на кожата при насмевки се многу изразени“, вели Хигинс.

Каква ќе биде политиката на Твитер за фотографии генерирани со вештачка интелигенција во пресрет на следните претседателски избори во САД? Сегашната политика на платформата делумно гласи: „Не смеете да споделувате синтетички, манипулирани или надвор од контекст медиуми кои можат да ги измамат или збунат луѓето и да доведат до штета („залажувачки медиуми“). Твитер прави голем број исклучоци за меме, коментари и објави кои не се креирани со намера да ги заведат корисниците.

 

 

Пред само неколку години, беше речиси незамисливо просечниот човек наскоро да може да креира фотореалистични длабоки фејкови на светските лидери.

Бидејќи фотографиите креирани со вештачка интелигенција стануваат сè потешко да се разликуваат од вистинската работа, платформите на социјалните медиуми можеби ќе треба да го преиспитаат својот пристап кон синтетичката содржина и да се обидат да најдат начини да ги водат корисниците низ сложениот и често вознемирувачки свет на генеративната вештачка интелигенција.