Со туѓа картичка си плаќал во хотели и ресторани за Нова година, потрошил 2.556 евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.

Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски објекти и хотели во Гостивар, а воедно и подигнал парични средства од банкомати во градот во износ од 2.556 евра.