Со пластично шише удрил лекар на Клинички, полицијата го расчистува случајот


Фото: Б. Грданоски

Лекар од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ бил удрен со пластично шише.

„На 04.07.2023 во 11.45 часот Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, поточно во Ургентен центар, додека извршувал работни задачи како лекар, едно лице го удрило со пластично шише“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.