Со гајба полна пиво ја удрил сопругата по глава


Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против лице осомничено дека извршило кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 23 август попладне пред угостителски објект во скопската населба Автокоманда. Жртвата се сретнала со осомничениот, кој прво вербално ја навредувал, а потоа со пластична гајба полна со стаклени шишиња ја удрил по главата. Жената веднаш почнала обилно да крвари, била зашеметена и побарала помош од полицијата. Со брза помош таа била пренесена во болница, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Јавниот обвинител побара од судот да изрече мерки на претпазливост – забрана за приближување и контакт со оштетената, одземање на патната исправа за премин на државна граница и редовно јавување на осомничениот пред надлежно службено лице.