Со една лиценца работел во 16 објекти
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од с.Кадино, општина Илинден и В.А.(53) од с.Мирковци, скопско, управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.
На 29.01.2025, при извршена акциска контрола во подружница на пријавеното правно лице во Тетово, констатирано е дека лиценцата која ја поседува правниот субјект се појавува на 16 клубови на територија на државата, иако легално може да биде инсталирана само на еден уред, односно не може да биде пренесена на друг уред.