Со автобус на ЈСП удрил во пешак

Во три оддлени сообраќајки во Скопје и воТетово повредени се двајца пешаци и еден сопатник.
Во петокот, во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Петре Ѓорѓиев“ во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Истиот ден, во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Гоце Стојчески“ во Тетово патничко возило удрило во малолетен пешак од с.Шемшево, тетовско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(56), и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.С.(49), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.