Словенија неделава го очекува пикот – 50 отсто уделот на заболени од тестирани


Во Словенија бројот на пациенти кои се лекуваат во болница од Ковид-19 и понатаму се зголемува, иако бројот на новозаразени сепак успорува на неделно и дневно ниво, а во последните 24 часа потврдени се 1.389 нови случаи, а починаа 17 пациенти.

Од 2.730 тестирани потврдени се 1.389 зарази, што е 50,9 отсто позитивни наоди меѓу тестираните, објави националниот Институт за јавно здравје.

Во болница се лекуваат 1.162 заболени од Ковид-19, меѓу нив 276 на интензивните одделнија, што е значително зголемување во однос на состојбата во однос на онаа пред седум дена, кога имаше 1.008 хоспитализирани и 229 на интензивна нега.

Епидемиолозите го очекуваат врвот на овој бран оваа недела

Од друга страна, пред седум дена забележани се 1815 зарази, со 53,1 отсто позитивни од тестирани, па се чини дека трендот на раст на четвртиот бран можеби се смирува, иако состојбата во болниците и понатаму е драматична. Бројот на пациенти на интензивните оддели, споре проценките, уште се на врвот.

Според проекциите на владините епидемиолози, врвот на заболени кои се лекуваат во болница може да биде достигнат неделава. Од друга страна, нормализација на состојбата во здравството, каде има пренатрупаност, може да се очекува кон крајот на декември или почетокот на јануари, изјави главниот епидемиолог, Матеја Логар.