Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи
Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи денеска, еден ден откако Словенија стана 147-та членка на ОН што ја призна Палестина, јави СТА.
На палестинскиот амбасадор Салах Абдел-Шафи му беше врачена нота за признавање.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас телефонски му се заблагодари на словенечкиот премиер Роберт Голоб. Двајцата се договорија следната недела да се сретнат во Јордан.