Словачка го блокираше новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка го одложува усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија, потврди шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас
На средбата со медиумите таа изјави:
„Руската бомбардирачка кампања достигна рекордни нивоа и гледаме зголемена употреба на забрането хемиско оружје од страна на Русија во Украина. Сето ова покажува дека Русија не сака мир.“
Потоа таа потврди дека Словачка го блокирала усвојувањето на 18. пакет санкции денес и рече:
„Навистина ми е жал што денес не го постигнавме овој договор. Морам да кажам дека бевме навистина блиску до одоброволување на Словачка. Комисијата го исполни она што го побараа.
Сега, топката е во дворот на Словачка и ние мора да го постигнеме овој договор. Веќе поминаа два месеци.
Санкциите се неопходни за да се лиши Русија од средства за водење на оваа војна, а Европската Унија ќе продолжи да ги зголемува трошоците, па затоа запирањето на нејзината агресија станува единствениот пат напред кон Москва“.
Таа додаде дека ги поздравува најавите на Трамп од синоќа, но вели дека ЕУ „би сакала да види како САД го делат товарот“.
„Америка и Европа работат заедно, и ако работиме заедно, ова може да изврши притисок врз Путин сериозно да преговара. Единствениот начин да се натера Путин да ја заврши оваа војна е да се присили“, рече таа.