„Слободен печат“: Дали Ахмети ќе се кандидира за шеф на државата?
Ахмети, ако влезе во претседателската трка наспроти претседателскиот кандидат на албанската опозиција Арбен Таравари, не само што ќе предизвика потрес во албанскиот, туку и во македонскиот политички блок.
Аргументите за да го убедат лидерот се дека гласачите Албанци плебисцитарно ќе се определат за Ахмети, дека кандидатурата за шеф на државата ќе биде голем поттик за парламентарните избори и дека, според партиските анализи и математики, можно е тој да влезе во вториот изборен круг заедно со еден од кандидатите од македонскиот политички блок.
Што ќе пресече Ахмети, ќе се знае наскоро, бидејќи изборите се веќе распишани. Од друга страна, доколку Ахмети биде претседателски кандидат, тоа може да се толкува и како страв на ДУИ од кандидатурата на Таравари, односно дека друго партиско решение, освен лидерот, би можел да освои помалку гласови од опозицискиот кандидат.