Славниот спикер на британскиот парламент, Џон Беркоу, им се приклучи на лабуристите
Џон Беркоу, поранешен спикер на Долниот дом на Обединетото Кралство и член на Конзервативната партија од неговата 17-та година, ја смени политичката верност и се приклучи на опозициската Лабуристичка партија.
Беркоу, кој по 10 години како спикер беше познат далеку од бреговите на Велика Британија по неговиот крик на „Ред! Ред!“, изјави за „Обсервер“: „Дојдов до заклучок е дека оваа влада треба да биде заменета. Реалноста е дека Лабуристичката партија е единственото возило што може да ја постигне таа цел. Нема друга веродостојна опција“.
Беркоу рече дека тој денес ја гледа Конзервативната партија како „реакционерна, популистичка, националистичка, а понекогаш дури и ксенофобична“.
Ториски советник од средината на 1980-тите и конзервативен член на парламентот од 1997 година, Беркоу беше избран за спикер во 2009 година. Бидејќи од спикерот се бара да биде независен, тој тогаш ја напушти партијата.
Есента 2019 година тој како раководеше со жестоките дебати во Долниот дом за „Брегзит“ го крена неговиот домашен и меѓународен профил. Неговата последна година на функцијата беше заматена од обвинувањата дека ги малтретирал вработените.
Берков за „Обсерве“ изјави дека се приклучил на Лабуристичката партија пред неколку недели, бидејќи ги споделува нејзините вредности на „еднаквост, социјална правда и интернационализам. Тоа е лабуристичкиот бренд“.