Скопје ќе добие уште еден шопинг центар
На местото на некогашната фабрика „Типо“ во општина Бутел на 18 јули годинава ќе биде отворен шопинг центар во кој, освен познати трговски брендови ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет, банка, игрoтека и продавница за деца.
Шопинг центарот ќе зафаќа површина од 9.500 метри квадратни и ќе располага со 300 паркинг места.
-Point Retail Park ќе им овозможи на посетителите максимално уживање во секојдневните активности, понудувајќи голем број содржини. Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позиционира на највисокото место во регионот, вели Али Ќаили, сопственик на Али Тобако, инвеститор на Point Retail Park.