Скопје ќе биде дел од светската турнеја на „Егзит“ во 2026


Познатиот регионален фестивал „Егзит“ објави дека во рамки на својата светска турнеја „EXIT Global Tour“ следната година ќе настапи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија. Скопје се спомнува во јуни.

Според објавата на официјалниот Инстаграм профил на EXIT, првите дестинации за 2026 Exit Global Tour година се Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија.

Оваа година, организаторите најавија дека српското издание на EXIT ќе се одржи во ноември, што значи дека во текот на летото нема да има традиционален фестивал во Нови Сад.

„Егзит“ веќе четири години се одржува во Струмица

„Егзит“, кој потекнува од Нови Сад, е еден од најпризнатите музички фестивали во Европа и светот, познат по својата уникатна комбинација на музика, младинска енергија и општествена порака. Само во Србија, фестивалот досега генерирал над 300 милиони евра туристички прилив, а неговите изданија низ регионот се препознаваат по силниот економски и културен ефект.