Скопјанец загина во бизарна несреќа: Бил прегазен од камионот што го управувал


Педесет и двегодишен маж загина во бизарна несреќа што се случи во вторникот околу 14.50 часот на крстосница од булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „4“ во Скопје. Според полицијата, Љ.А. (52) од Долно Лисиче, управувал камион „мерцедес“. Во еден момент го запрел, го оставил на улица и заедно со сопатникот излегле за да види дали имало простор да помине по улицата.

„Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А.. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.