Зел вап-машина да го измие возилото во Студеничани, загинал од струен удар


На 16.09.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од с.Студеничани и ја зел вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар. Со возило на Итна медицинска помошХ.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.