Скопјанец во тешка состојба починал во болница


 

Скопјанец на возраст од 46 години бил донесен во тешка состојба во болница, но и покрај реанимацијата, тој починал, соопшти полицијата.

Во неделата во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ од Завод за рехабилитација бил донесен З.С.(46) од Скопје, во лоша здравствена состојба, кој по направена реанимација, починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.