Скопјанец со живеалиште во Франција се обидел да пренесе мигрантка од Конго
Денеска, околу 01.30 часот на патот од маала Чифлик кон маала Сланиште, с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје, со живеалиште во Франција.
Со него била пронајдена илегалната мигрантка С.К.(22) од Конго.
По преземени мерки било утврдено дека за паричен надомест требало да ја одведе во прифатно-транзитниот центар Табановце каде наводно биле нејзини роднини.
Двајцата биле предадени во Полициската станица Куманово, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.