Скопјанец сексуално вознемирувал кираџика од Србија


33-годишна жена од Србија ноќеска пријавила во полиција дека околу полноќ, сопственикот на станот кој го изнајмила во скопски Центар, физички ја нападнал и ја допирал по телото, а исто така ја вознемирувал и со пораки.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 01:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар, 33-годишна жена од Србија, во изнајмен стан, била физички нападната и допирана по телото од сопственикот на станот, кој исто така ја вознемирувал и со пораки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.