Скопјанец пукал во свој роднина поради нетрпеливост
Во понеделникот, во СВР Скопје било пријавено дека во 20.10 часот на ул.„20“, поради меѓусебно нетрпение, З.Р.(42) од Скопје со пиштол испукал куршум и го повредил во ногата неговиот роднина А.Н.(28) од Скопје.
А.Н. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.