Скопјанец обљубил девојка која стигнала од Германија – не дозволил да ѝ се јави на мајка ѝ


Фото: Б. Грданоски

Лишен од слобода Е.А. од Скопје за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена со која претходно се запознал.

Во четвртокот, во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а истата пристигнала од Германија и извршил обљуба, и упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не ѝ дозволувал да излезе сама и ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон и на 04.03.2026 истата успеала да се јави телефонски на нејзината мајка, истата алармирала во полиција, која пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила.

Воедно е известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.