Скопјанец на двајца кумановци, фиктивно им продавал станови во Скопје и Охрид за 115 илјади евра

Oсновното јавно обвинителство Куманово информираше дека е поведена постапка против физичко и правно лице за кое постои сомнеж дека е извршена фиктивна продажба на станови. Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.
„Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра“, се вели во соопштението.
Јавниот обвинител до судот има доставено предлог мерка за определелување мерка притвор на осомничениот.