Скинат кабел на ЕСМ го остави Студеничани без вода
Без вода за пиење во моментов е село Студеничани, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
-Поради скинат кабел од електрична енергија од страна на „ЕВН“, пумпата за снабдување со вода не работи поради немање струја. Прекинато водоснабдување имаат корисниците од село Студеничани од 18:30 часот, појаснуваат од претпријатието.
Засегнатите ќе останат без вода за пиење до завршување со работните активности.