Скендер Реџепи: Нема цена мојот потпис да биде во редот со Левица


Напред назад – така изгледа составувањето на новото парламентарно мнозинство откако денеска пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, рече дека се залага за рушење на власта на СДСМ и ДУИ, но дека не може да стави потпис на список на кој е се потпишани и пратениците од Левица.

„Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица“, рече Скендер Реџепи, пренесува Алсат.

„Сите пратеници беа убедени дека Левица не потпиша и во духот на ова се договоривме да потпишеме. И ставот на Алтернативата е ист. Не дозволувам мојот потпис да остане со оној што го валка албанскиот јазик и идентитет. Не го добивме мандатот да им служиме на антиалбанските каузи“, изјави Реџепи.