Сите вработени во Њујорк мора да се вакцинирани, инаку ќе останат без плата

За Њујорк денеска е прв ден откако по налог на градоначалникот Бил де Бласио сите градски вработени мора да се вакцинирани против Ковид-19, иако многу полицајци и пожарникари сѐ уште одбиваат вакцинација, а еден синдикален водач задолжителната вакцинација ја нарече рецепт за катастрофа.
Де Бласио, демократ кој пред помалку од две недели најави задолжителна вакцинација, го увери градот од 8,8 милиони жители дека вработените може да го поднесат секој недостаток на полицајци, пожарникари или санитарни работници со промена на распоредот и прекувремена работа.
„Уште ден голем пораст за извештајот. Стапката на вакцинирани е до 87 отсто, објави Даниеле Филсон, заменик-претставник за јавност на Де Бласио, на Твитер, во неделата вечерта.
Синдикалните челници велат дека Де Бласио ќе биде виновен ако има распад на системот
Процентот на вакцинирани полицајци и пожарникари е понизок од оној кај вработените во градот, а синдикалните челници велат дека Де Бласио ќе биде виновен ако има распад на системот во итните служби во најголемиот американски град.
„Потребни ни се сите кои можат за да го одржиме функционирањето на градот и за да се заштитиме. Ќе се обидеме да го избегнеме она што ќе биде неизбежна катастрофа според планот во понеделник наутро“, рече Ендру Ансбро, претседател на Здружението на униформирани пожарникари во петокот.
Синдикалните челници целат дека нивните членови добиле само девет дена са се вакцинираат според рокот кој го донесе градоначалникот и дека на работниците кои прележале Ковид-19 треба да им се одобри исклучок. Тоа вклучува 70 отсто од пожарникарите, рече Ансбро.
Ова е најновиот спор во цела земја околу задолжителната вакцинација кој се повеже ја наметнуваат властите, вклучувајќи го и претседателот Џо Бајден, за да се спречи ширењето на заразната делта варијанта. Полицајците и пшожарникарите во Чикаго и Лос Анџелес исто така силно се спротивставуваат на оваа обврска.
Може да останат без плата
Здравствените власти во Њујорк велат дека иако со истражување допрва треба да се утврди степенот и длабочината на имунитетот од Ковид-19 по заразата или прележана болест, стручњаците се сложуваат дека вакцините пружаат дополнителна заштита.
Де Бласио прогнозираше дека стапката на вакцинација на градските работници ќе продолжи да расте.
Градоначалникот рече дека слични рокови има и на други места во државата Њујорк и ги повика сите вработени во градот да се вакцинираат во последен момент затоа што во спротивно ќе останат без плата.
Правните обиди на полицајците и на пожарникарите во Њујорк и на други места досега беа неуспешни, а државните и сојузните судови не сакаа да го поништат задолжителното вакцинирање.