Сирија: Хезболах киднапира и егзекутира тројца сириски војници


Министерството за одбрана на Сирија го обвини Хезболах, поранешен сојузник на соборениот претседател Башар ал Асад, дека киднапирал и егзекутирал тројца сириски војници, откако ги однел во Либан.

– Група од милицијата на Хезболах … киднапираше тројца припадници на сириската армија на сириско-либанската граница … потоа ги одведе на либанска територија и ги уби, се наведува во соопштението на сириското МО.

Во соопштението се посочува дека се преземаат „сите неопходни мерки по оваа опасна ескалација на Хезболах“, прецизирајќи дека тоа се случило во близина на браната Зеита, западно од Хомс, во централна Сирија.

Хезболах негира дека учествувал во судири со сириските безбедносни сили на сириска територија.