Синот на Митко Јанчев тешко повреден во сообраќајка

Синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев е тешко повреден во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Кавадарци. Според информациите до кои дојдовме, четиринаесетгодишното момче се возело на моторцикл. По несреќата, итно е префрлен во болница.
Наскоро подетални информации за несреќата.
Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен поради критиките кон раководството за ставот околу референдумот за името.