Синот на легендарниот Аки Рахимовски во Скопје ќе го промовира новиот сингл

Кики Рахимовски во Скопје ќе ја прими наградата која Македонскиот олимписки комитет постхумно ја доделува на неговиот татко


Киша је падала“ е насловот на новата песна која ја отпеа Кики Рахимовски. По успешната љубовна балада „Сузе небеске“, нема сомнеж дека оваа нова балада ќе ги освои и срцата на неговите обожаватели и следбеници во целиот регион.

Музиката и текстот ги напиша самиот Кики, а за аранжманот се погрижија Саша Миочиќ и Елвис Сршен. Спотот се снимаше во Студио Хангар во Загреб, а на Кики и на неговиот бенд им се придружи и убавата Амела Броз.

Киша је падала“ е напишана пред четири или пет години, и гледајќи низ некои текстови од порано, наидов и набрзина добив идеја за музика која совршено одговара на овие текстови, па песната е создадена многу едноставно и без многу филозофирање. Додека работевме на албумот, оваа песна не ми одговараше и едноставно не беше време да ја издадам тогаш. Се надевам дека публиката ќе ја препознае песната како своја и ќе ја прифати дури и подобро од „Сузе небеске“, вели Кики.

Новиот сингл Кики Рахимовски ќе го претстави оваа среда (27 декември) од 12 до 13 часот, во Градска кафеана Пелистер во Скопје, во неформално предновогодишно дружење со македонските новинари.

Освен Кики, за неговите активности ќе зборува и неговиот менаџер Саша Драгиќ.

Еден ден пред средбата со новинарите од Македонија, наследникот на легендарниот Аки Рахимовски ќе ја прими наградата која Македонскиот олимписки комитет постхумно ја доделува на неговиот татко.