„Синохидро“ ја повлекло арбитражата против ЈПДП, „спасени“ 50 милиони евра


Министерството за транспорт ја информираше Владата дека успеа да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево – Охрид, Синохидро за да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз со кој беше оптужено Јавното претпријатие за државни патишта.

На овој начин се заштедени над 50 милиони евра кои ќе беа потрошени доколку арбитражната постапка продолжеше, се вели во соопштението од владината седница.

Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра кој ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство.