Силна експлозија во Балтимор – повредени најмалку 23 лица
Најмалку 23 лица се повредени, од кои девет критично, откако поради делумно се урна покривот на зграда, па следеше експлозија во центарот на Балтимор.
Несреќата се случила во зградата на комапнијата Балтимор гас и електрик, (БГЕ).
Како што објави на Твитер противпожарната служба, 21 лице превезени се во болница, додека две одбиле лекување, пренесе Си-ен-ен.
Инцидентот веројатно е поврзан со градбата, а не со гас, а се случи додека екипи работеле на системот за климатизација и на котелот.
Зградата главно била празна пред претстојните празници и пандемијата.
Причината за нереќата не е позната, а истрагата е во тек.