Сиљановска врати седум амбасадори, меѓу нив и Дане Талевски


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за отповикување на седум амбасадори, меѓу кои и Дане Талески, македонскиот амбасадор во НАТО. Според одлуката, Талески ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025 година. Реално до тој датум на Талески му изминува четиригодишниот мандат на функцијата, а веројатно и другите се објавени од истата причина. 

Се работи за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји и две организации. За останатите дипломати мандатот завршува на 30 ноември годинава. Меѓу отповиканите се Данчо Марковски во Албанија и Теуга Агаи Демјаха која е шефица на постојаната мисија на Македонија во Организацијата на ОН во Женева.

Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха. На сите нив по се изгледа им е истечен редовниот мандат бидејќи се именувани за амбасадори во 2020 година. 

Ова е прво отповикување на амбасадори, а претходно по промената на власта, новиот министер за надворешни Муцунски ги врати во Скопје на консултации амабсадорите во Италија, Весел Мемеди, во ОН, Љубомир Фрчкоски и во Романија, Андреј Жерновски.