Сиљановска возврати, бара од Грција, Бугарија и ЕУ да ги почитуваат обврските што ги презеле


Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова одговори на сите јавни прозивки од дома и од надвор дека го крши Договорот од Преспа и дека тоа може да има последици за Македонија.

„Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. 

Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, стои во реакцијата на кабинетот.