Силјановска пристигна кај Радев, не се предвидени изјави


Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова попладнево пристигна во кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев во Софија. Пред претседателската вила на „Дондуков“ 2 ја пречека лично Радев. Во областа околу вилата има засилено полициско присуство, јавуваат бугарските медиуми.

 

Средбата меѓу шефовите на двете држави, како што пренесе БГНЕС, почнала нешто пред 15 часот по локално време, а по неа не се предвидени изјави. Сиљановска-Давкова е во посета на Бугарија по повод изведба на операта „Набуко“ од Џузепе Верди во изведба на Националната опера и балет (НОБ) во Софиската опера и балет.