Сиљановска ќе оди на опера во Софија, најавен е и претседателот Радев
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова в петок ќе присуствува на гостувањето на Македонската опера и балет во Софиската опера и балет. Македонската опера во Софија ќе се претстави со „Набуко“ од Џузепе Верди. Неофицијално, на операта ќе присуствува и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
Сиљановска ќе биде придружувана од министерот за култура Зоран Љутков и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.