Сиљановска и Вучиќ заедно на 2 Август во „Прохор Пчински“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила телефонски разговор со  српскиот колега, Александар Вучиќ. 

„Претседателката на Северна Македонија се заблагодари за помошта што Србија ја пружи во гаснењето на пожарите, а јас посочив дека важноста на регионалната соработка е во тоа што можеме да си помогнеме на најдобар и најбрз начин. Се договоривме заедно да го посетиме манастирот Прохор Пчињски на Илинден, што исто така ќе биде одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народи.Ја искористив приликата да ја поканам мојот почитувана колешка да ја посети Србија, за да конкретизираме некои од плановите кои ќе ја подигнат нашата соработка на повисоко ниво“, напиша Вучиќ на  Инстаграм.

Во 2022 година, по осумнаесет години, тогашниот претседател Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, предводеше државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св.Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.