Спојувањето на безбедносните служби е ризично: Порака од Филипче до Сиљановска
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими на средба на која се разговарало за ситуацијата во безбедносните струкури и за евроинтегративните процеси.
Венко Филипче е и претседател на Националниот совет за евроинтеграција и од таа функција разговарал за европските перспективи на Македонија, а не само како лидер на опозицијата.
По средба та којашто траше 90 минути Филипче пред влезот во претседателката зграда даде изјава за новинарите во која рече дека неговата главна забелешка во разговорот била опасноста од партизација на безбнопсините структури.
„Јас изразив загриженост и укажав дека сметам оти треба да реагира за некои работи кои се во нејзини ингеренции, а тоа е пред сѐ партизацијата којашто се случува во делот на безбедносните структури. И укажав на ризикот. Сметаме дека тој ризик може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, ако се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото, дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби“, изјави Филипче. Тој средбата ја оцени како пријатна, пријателска и конструктивна, а натаму очекува конструктивна соработка и редовни средби.
Прашан дали на средбата добил информации за деблокада на евроинтеграциите и разговорите на Силјановска со бугарскиот претседател Румен Радев Филипче дека СДСМ ќе поддржи секоја подобрена позиција којашто Владата ќе ја обезбеди согласно ветувањата и обидите.
„Ја иформирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ, се пбидовме уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа од бугарска страна, од тогашниот премиер Петков, не беше прифатено. Ние ќе ја поддржиме секоја подобрена позиција“, рече Филипче.
За да дадат поддршка во Собранието на предлог за уставни измени со одложено дејство рече дека „треба да добијат потврда дека тоа е возможно“.
„Многу опции, многу варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав состаноци на коишто тогашниот премиер Ковачевски и тогашниот наш преговарач Маричиќ ми укажаа кои работи се обиделе да ги направат, што било возможно, што не било возможно. Сите други обиди, меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени, бугарската страна тогаш не ги прифати. Ако сегашнава влада ги подобри нашите позиции ние тоа го поддржуваме“, рече претседателот на СДСМ.
Соопштението што беше испратени од Кабинетот на претседателката беше многу покусо. Во него се зборува и за конституирањето на партиските органи на СДСМ. Во тоа соопштение се наведува дека Филипче е и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.
„На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби.
Во разговорот Венко Филипче ја информираше претседателката за актуелните партиски промени врзани за изборот и конституирањето на новите партиски органи и функционери.
Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја нагласи потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда.
Претседателката го информираше за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската унија“, се наведува во соопштението.
Во изјавата за новинарите Филипче зборуваше и за унгарскиот кредит.
„За кредитот од Унгарија сè уште има многу отворени прашања и не е точно дека е со историски најниска камата. Ние дававме кредити во стопанството со многу помали каматни стапки од 1,6 отсто. Има многу отворени прашања. Зошто целокупната сума е повлечена веднаш и веќе сега граѓаните плаќаат камати на пари кои не се поделени, а прашање кога ќе се поделат до компаниите и кои се критериумите врз основа на кои компаниите ќе ги добијат“, рече Филипче.
При тоа, Филипче потенцираше дека спорно е и тоа што сè уште не е објавена компанијата посредничка која ја наплати провизијата.
„Никогаш не се објави која е таа компанија посредничка којашто ја наплати провизијата којашто требаше наводно да биде 70.000 евра, меѓутоа ние тоа не го видовме“, рече Филипче.