„Силјан“ конечно „слетува“ на црвен килим во Скопје


После американската премиера во Њујорк, како и британската во Лондон, „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска ќе ја доживее својата свечена премиера во Скопје. На 4. јануари (недела) во 20.30, во МНТ ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар пред домашната публика која нетрпеливо го чека ова наградувано дело.

МНТ за првпат ќе биде домаќин на ваква кино промоција, каде ќе биде присутна целата филмска екипа на „Силјан“која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите кои ги пронижа на сите меѓународни релевантни фестиваликако и откупувањето на филмот од страна на National Geographic.

„Врв ми беше кога ‘Нешнл џиографик’ го купи „Силјан“: Тамара Котевска за прекинатиот лет до Оскарите

Светските критичари рекоа: „триумф”,„апсолутен шармер”, „импресивно дело”,„прекрасна инежна меланхолија деликатно поврзано со екосистемот, кој е предизвикан од притисокот на модерниот живот во Македонија”, и тоа се само дел од епитетите кои ги напишаа светските филмски критичари.

„Приказната за Силјан” е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата. 

 

Режисерка:  Тамара Котевска (Honeyland),

Кинематограф: JeanDakar (Жан Дакар)

Продуценти: Anna Hashmi, Тамара Котевска, JeanDakar, Јорданчо Петковски

Продуцентски куќи: Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop

Монтажер: Мартин Иванов

Студио за тонска обработка: Aleksandar Protic / MIR MEDIA

Колор корекција: GHABHA Studios

Музика: Joe Wilson Davies и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio)

Протагонисти: (Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски)