Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Панама

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди денеска јужниот дел на Панама, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 207 километри југоисточно од Буриса, соопшти ЕМСЦ.
Нема информации за жртви или штети.