Си краделе сообраќајни знаци во Прилепско
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/09/Soobrakajni-znaci-1a-bg_resize.jpg)
Во понеделник, во 14.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од октомври 2022 година до 03.03.2023 од магистрален пат А3 Прилеп – Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионален пат Прилеп – Македонски Брод биле одземени 26 сообраќајни знаци и од регионален пат Прилеп – Крушево биле одземени 11 знаци.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.