Си-Би-Ес: Пентагон се подготвува за можно распоредување копнени сили во Иран


Претставници на Пентагон вршат детални подготовки за евентуално распоредување американски копнени сили во Иран, изјавија за Си-Би-Ес извори запознати со дискусиите.

Високи воени команданти поднесоа конкретни барања насочени кон подготовки за таа опција, додека претседателот Трамп разгледува чекори во конфликтот предводен од САД и Израел против Иран, велат изворите. 

Претседателот Трамп разгледува опции за распоредување копнени сили во регионот, изјавија изворите. Не беше јасно под кои околности Трамп би одобрил употреба на такви сили на терен, наведува медумот.