Шверцер на мигранти прегази полицајци кај Катланово


Вчера, на автопатот „Пријателство“, во близина на селото Катланово, Скопско, М. М. (24) од Идризово, управувајќи патничко возило „форд фокус“, со украдени регистарски таблички во Велес, во правец од Велес кон Катланово не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски службеници.

Притоа, како што соопшти МВР, тешки телесни повреди добиле М. М. и еден полициски службеник, а телесни повреди добиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, што ги превезувал во возилото, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид бил извршен и по целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.