Шведскиот парламент денеска може да го смени премиерот
Стефан Лофен може да стане првиот шведски премиер кого ќе го смени парламентит, откако обидите на неговата влада во текот на викендот да постигне договор за повторно да добие поддршка од левата партија не вродија со плод.
Таков расплет би го оставил Лофен една недела или да поднесе оставка или да свика предвремени избори, што во Шведска не се случило од 1958 година.
„Изгледа ќе имаме историски ден во парламентот“, пишува националниот дневен весник „Дагенс нихетер“ на насловната.
Лофен доби втор мандат во 2018 година, по повеќе месечни преговори по изборите на кои шведските демократи. противимигрантската партија, со своите добри резултати ја изменија шведската политичка мапа.
Кревка малцинска влада
Поранешниот водач на синдикатите познат по преговарачките вештини Лофен, оттогаш има кревка малцинска влада на Социјалдемократите и Зелените, со поддршка на поранешните политички ривали на партијата од центарот и ЛЧибералите.
Иако, не беше дел од никаков формален договор, на владата ѝ требаше и премолчана поддршка од Левата партија. Тоа се промени минатата недела откако владата сигнализираше дека може да ја олабави контролата на изнајмување новоизградени станови, што беше црвен картон за левицата.
Поранешната комунистичка Лева партија побара од владата да го повлече овој план.
Иако, социјалдемократите и партнерите презедоа чекори во текот на викендот, последните потези не успеаја да ја спречат политичката криза.
Шведските демократи поднесоа предлог за изгласување недоверба и можно е да добијат гласови за рушење на Лофен.