Шведска изгласа недоверба на премиерот


 

Шведскиот парламент изгласа недоверба на премиерот Стефан лофен, што на социјалдемократскиот лидер му дава една недела да отстапи од долѓноста и да го препушти местото на нов мандатар или да распише предвремени парламентарни избори/

Националистичките шведски демократи ја искористија приликата да организираат гласање за доверба откако поранешната комунистичка Лева партија престана да ја поддржува владата на елвиот центар поради планот за ублажување на контролите на цената на станарина во новоизградените станови.

Замрсени односи во парламентот

Кревката влада на Лофен со Зелената партија за повеќето од 2018 година зависеше од поддршката на две помали партии од десниот центар и Левата партија.

Замрсените односи во парламентот ги намалуваат шансите дека од постоечкиот состав ќе се формира нова влада, а анкетите покажуваат дека партиите на левиот и десниот центар имаат еднаква поддршка, што значи дека и по предвремеи избори ситуацијата може да биде нерешена, пишува Ројтерс.

Новата влада, или онаа техничката, владата до општите избори кои се закажани за септември следната година.

Ова е прв пат во Шведска да му биде изгласана недоверба на премиер.