Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов?

ОВЕН: Моќни врски со луѓето од непосредната околина: договори, разговори и сојузи што ќе имаат долготраен карактер, а од кои треба да извлечете финансиски фидбек и да ја осигурате својата иднина. Бидете невини како дете и оставете простор за љубов и сензуални задоволства. Изберете го темпото и не брзајте.
БИК: Сакајте кога ве советуваат, а не кога ве фалат: ако се соочите со одолговлекувања, искористете го тоа за ваш личен развој. Подгответе се да се носите со предизвиците и не обрнувајте им внимание на љубоморните и на оние што сакаат да се на ваше место. Ова е време за промени и вие го имате главниот збор!
БЛИЗНАЦИ: Не купувајте предмети или гардероба кои само ќе ги трупате во своите ормани, како замена за љубов, апатија или генерално незадоволство: направете нов план и засукајте ги ракавите. Во следните два месеца ќе треба да покажете од што сте направени. Агилни, љубопитни и моќни, ќе ги сортирате информациите.
РАК: Одвојте го потребното од непотребното и ќе откриете дека во вашиот дом се крие вистинско богатство: обрнете поголемо внимание на семејното наследство и можеби ќе дојдете до шанса да се збогатите. Поставувате нови темели во партнерските врски и постигнувате повисока социјална хиерархија: нови шанси за развој.
ЛАВ: Новини во областа на домот, како и многу иди-ми-дојди-ми, со што ќе размените многу информации: сега сте во силна позиција да ги остварите своите соништа. Оние помалите, но секако и поголемите. Штом ќе го сфатите ова, нема веќе да чекате ниту момент: талентирани и убави, имате многу да покажете.
ДЕВИЦА: Сега веќе полесно се изразувате и вообичаената срамежливост останува во минатото: релаксирани и насмеани, најверојатно ќе појдете на пат со саканите, каде што ќе се сетите на многу убави заеднички моменти. Расположени и инспирирани, бидете благодарни за оваа неочекувана среќа и уживајте во романсата.
ВАГА: Поддржани од своите најблиски, ништо не може да ги запре вашите намери: можеби ќе сакате да појдете на краткотраен пат, но нема потреба да брзате. Сѐ ќе си дојде во свое време. Ако работите на две различни страни, ќе имате сила да истраете и на двете полиња. Средба со личност што ви дава добри совети.
СКОРПИЈА: Можеби сакате да појдете на пат, но се соочувате со некаков вид застој: сакате да напредувате, а нешто ве спречува. Неочекувани случки кои се поврзани според некој повисок универзален ред: погледнете ги работите низ нова перспектива и ќе откриете дека за ништо не сте виновни. Не губете храброст и не брзајте.
СТРЕЛЕЦ: Засега постојат повеќе опции во кои може да ги инвестирате своите средства: размислете внимателно и бидете рационални. Ако се соочите со некој опонент што ви работи од зад грб, оставете го таму и продолжете со своите првични идеи. Покрај сѐ, најдете време добро да се одморите и да ја обновите силата.
ЈАРЕЦ: Вие сте единствените што знаат да направат разлика меѓу самотијата и осаменоста: немате никаков проблем да се изолирате од другите, за да дојдете до клучната позиција. Ова е процес во кој конструктивно ја користите својата енергија и доаѓате до личен развој, целина и суптилност. Медитација.
ВОДОЛИЈА: Конечно можете да се потпрете на своите сили и да истапите надвор во светот, покажувајќи ги своите таленти и вредност: имате поддршка од влијателни пријатели, кои ви влеваат надеж, баланс и инспирација. Време е за нови откритија, изјави во јавноста, но и вљубувања. Бидете трпеливи и избројте до три. Успех.
РИБИ: Не бегајте од носењето одлуки, бидејќи тие ќе трчаат зад вас како сенка: сега треба да проработи вашата рационалност и храбро да се изборите со многу психолошки битки. Откријте како е најчесно да дејствувате и бидете непристрасни: не градете кула од карти и нереалистични планови, туку соочете се со реалноста. Љубете повеќе.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ