Што предвидува протоколот за запишување на првачињата
Раздалеченост од два метри, 20 минути пауза меѓу разговорите, носење маски од сите во комисиите и родителите…, се дел од правилата од протоколот за запишување првачиња што беа донесени вчера на владина седница. Уписите ќе се реализираат во јуни.
Во продолжение се правилата, кои ги објави министерот за образование и наука Арбер Адеми, а кои се задолжителни за родителите и вработените во училиштата.