Што откриваат документите на ЦИА за НЛО
Веб-страницата The Black Vault објавува јавно достапни, но документи од американските власти до кои тешко се стига.
Нивното последно откритие е ЦД РОМ со податоци на ЦИА за неидентификувани летечки предмети (НЛО) што оваа разузнавачка агенција мораше да ги декласифицира и да им ги обезбеди заради судски постапки и официјални барања. Сопственикот на страницата, Џон Гриневалд јуниор, се бореше за овие документи со години, за конечно да ги добие минатата година, дигитално да ги обработи и да ги направи достапни за сите минатата недела, пишува Bug.hr.
Станува збор за неколку илјади страници официјални записи на ЦИА поврзани со феномени познати како НЛО, создадени од 1996 година наваму. Некои од информациите во нив се постари, па датираат од осумдесеттите години од минатиот век. На крајот на краиштата, на страниците на „The Black Vault“ е можно да се најдат податоци што ЦИА ги собираше во последните 3-4 децении, сите во пдф документи кои може да се пребаруваат.
Постојат преписки, извештаи за средби со неидентификувани предмети на небото, приказни за мистериозни експлозии и слични документи. Јавноста сега може да копа низ нив и да бара што било што би можело да биде поврзано со можен контакт со вонземјани (иако, засега, нема такви индикации).
Гриневалд вети дека наскоро ќе направи подетална видео презентација на најинтересните сознанија. Оваа архива се состои од нешто помалку од три илјади страници, додека на истата мрежа можете да најдете вкупно над 2 милиони страници што овој неуморен колекционер ги добил од ЦИА со текот на годините, пренесува Сеебиз.
Ако сакате сами да копате низ архивите на ЦИА и да видите што и како снимиле за непознати предмети што летаат на небото над САД, врската до целата архива е тука.
Важно е да се напомене дека ова не се исти документи и извештаи што во моментот ги анализира специјална комисија на Пентагон, Unidentified Aerial Phenomena Task Force. Тие се занимаваат со непознати авиони снимени од припадници на американската армија и воздухопловството, што може да претставува закана за нивната национална безбедност. Заклучоците на оваа комисија треба да бидат познати до средината на оваа година.