Штедачите на Еуростандард банка најавуваат пресврт во одлуката на Уставен суд


Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денес најави пресврт на одлуката на Уставен судд во врска со нивната иницијатива за оцена на уставноста уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од овој Законот зза банки, со кој, како што се наведува „му се дава монопол на Фондот за осигирување на депозити да целосно наплати од стечајната маса пред сите други доверители“.

„Уставниот суд денес повторно заседаваше за поднесената иницијатива за разгледување на уставноста и законитоста на Член 163 став 3 од Законот за банките“, соопштија од Здружението.

Од таму додаваат дека расправата била од отворен карактер и на неа присуствувале  членови на Здружението.

„Би сакале да ја поздравиме реакцијата на Судиите повторно да отворат дискусија за иницијатива по која претходно е одлучувано, и самото отворање на дискусија е преседан кој се надеваме по гласањето за истата ќе стане историска која ќе ја врати довербата во правниот систем во целина, велат од Здружението.

На претходното заседавање, како што појаснуваат, од вкупно девет судии четири гласаа за укинување на спорниот член од законот за банки. 

„На денешното заседавање еден од петте судии Осман Кадриу го смени својот претходен став во врска со иницијативата и практично ја најави пресвртницата за решавање на оваа неправда врз штедачите, се додава во соопштението.

Како главна причина за менување на својот став уставниот судија Кадриу ја навел променетата ситуација и новите сознанија за фактичката состојба.

„Расправата по оваа иницијатива ќе продолжи на наредната седница која се надеваме ќе биде закажана што поскоро и на истата ќе биде донесена правична одлука со која конечно ќе се стави крај на агонијата на над 3.000 семејства и што е исто така важно би дошол крајот на несигурноста и нестабилноста на банкарскиот систем во целина“, велат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.