Шпанија поддржа изградба на речиси 300 проекти за обновлива енергија за 17 милијарди евра


Шпанската влада денеска поддржа изградба на околу 300 проекти во областа на обновливите извори на енергија за речиси 17 милијарди евра за да ги исполни своите амбициозни еколошки цели.

Најголем дел од инвестициите ќе бидат насочени кон изградба на фотоволтаични централи, но и кон изградба на повеќе од 40 ветерни електрани и една хидроелектрана.

Шпанија си постави за цел до крајот на оваа деценија учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на енергија во земјата да достигне 80 проценти. Во моментов, според податоците на мрежниот оператор Redeia, тој удел е речиси 60 проценти.