Шпанија место Франција ќе биде домаќин на 22. издание на „Детска Евровизија“


„ЕБУ“ и „РТВЕ“ соопштија дека 22. издание на „Детска Евровизија“ ќе се одржи подоцна годинава во Шпанија.

Песната на Шпанија победи на второто издание на овој музички натпревар во 2004 година.

Според правилата на „Детска Евровизија“, земјата победник не мора да биде домаќин на следното издание на натпреварот, како што е правилото на „Евровизија“. Па така, откако Франција, која победи лани во Ница, благодарејќи на Зои Клаузур која ја испеа „Coeur“, одлучи да не биде домаќин годинава, Шпанија, како второ место на 21. издание, реши да ја прифати шансата. 

Градот домаќин и датумите за натпреварот во 2024 година ќе бидат објавени во догледно време.

Ана Марија Бордас, шеф на шпанската делегација на Детската Евровизија и член на Управната група на JESC, рече: „RTVE со голем ентузијазам ја поздравува поканата на ЕБУ за Детскиот натпревар за песна на Евровизија 2024 година што ќе се одржи во Шпанија“.

Сигурни сме дека и шпанската јавност ќе ја прими оваа објава со голем ентузијазам и ќе ја пречека евровизиската заедница со раширени раце“.

Македонија, за разлика од Евросонг, ќе учествува и годинава на Детската Евровизија.

Тамара Грујеска ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија 2023 година во Ница, Франција. Со песната  „Кажи ми, како ми кој“  на Димитров и Билбилов заврши на 12. место со 76 поени.