Шон Пен му го даде оскарот на Зеленски


Американскиот актер Шон Пен му ја даде наградата Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на главниот град Киев, јави Би-Би-Си.

На видеото објавено на каналот Телеграм на Зеленски, исто така се гледа како претседателот на Украина му го врачува украинскиот Орден за заслуги на Пен.

Шон Пен, кој е познат по својот политички активизам, како и по неговите филмови, избега од Украина во март додека снимаше документарен филм за конфликтот.Тој подоцна рече дека размислува да им се придружи на украинските сили за да се бори против Русија.

Претходно, претставниците на Кремљ ги додадоа Пен и неговиот колега актер Бен Стилер на руската „стоп листа“, што значи дека сега им е забранет влез во земјата.